По поразот во дербито против Манчестер јунајтед, Арсенал им се врати на победите и тоа на убедлив начин.
Серијата погодоци денеска ја отвори Салиба со гол во 17. минута од натпреварот, а десет минути подоцна Габриел Жесус зголеми на 2-0.
По само четири минути игра во вториот дел, новото засилување Виеира даде гол со кој ги постави конечните 3-0.
По седум одиграни кола Арсенал е прв со 18 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити и Тотнем.