Лига Европа

Арсенал со гол на Џака го победи ПСВ

Арсенал со 1-0 го победи ПСВ Ајндховен во заостанатиот натпревар од Лига Европа, Гранит Џака беше стрелецот на единствениот гол. 

Поради смртта на кралицата Елизабета, дуелот меѓу Арсенал и ПСВ беше одложен во првичниот термин, па денеска се одигра.
 
Арсенал беше далеку подобар тим, создаде повеќе шанси за гол и на крајот заслужено победи.
 
Единствениот гол се случи во 71. минута кога по асистенција од Томијасу, Џака реализираше за водство од 1-0 што на крајот се покажа и како конечен резултат.
 
 
По четири одиграни кола, Арсенал е прв со 12 бодови и веќе има обезбедено место во осминафиналето од Лига Европа, ПСВ е втор со седум, Бодо/Глимт има четири на третото место, а последен без бодови е Цирих.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе