Килијан Мбапе во неколку наврати се пожали од позицијата која ја игра во ПСЖ, последен пат тоа го стори изминатиов викенд откако против Ремс играше како осамен напаѓач.
Вчера голем број на извори пренесоа дека Французинот е разочаран поради тоа што „светците“ не ги исполниле ветувањата кои му ги дале па сака да го напушт Париз веќе во јануари.
Гласините беа една од темите кои се дискутираа во емисјата на СиБиСи Спортс посветена на Лигата на шампионите, а легената на Арсенал и Франција, Тјери Анри имаше што да му каже на својот сонародник.
„Видете, клубот е поголем од било што друго. Е сега не знаеме како се одвивале преговорите за нов договор, и дали раководството придонело тој да се почувстува дека е поважен од клубот“ – вели Анри.
„Ќе дадам пример од сопствено искуство. Не сакав да играм како лево крило во Барселона, го мразев тоа! Но играв за доброто на тимот. Не ми се допадна тоа што по 100 настапи за Франција и не знам колку голови, побараа да играм како лево крило“.
„Има само едно правило, кога шефот ќе побара нешто од тебе, го правиш тоа доколку тимот има корист. Доколку тимот нема корист, е тогаш можеш да се побуниш“.