Италијанецот знае дека не треба да се радува пред време

Анчелоти потсети на најболниот пораз на Милан, за да каже дека Реал уште не е шампион во Шпанија

По изминатото коло во Ла Лига, Реал Мадрид ја зголеми предноста над Севиља, но Карло Анчелоти смета дека уште ништо не е готово.

Реал Мадрид сега има дури десет бодови пред Севиља која е на второто место. Многумина сметаат дека трката за титулата е завршена работа.

Но, Анчелоти се има изгорено кога сите мислеле дека е готово, па сега потсети на тој пример.

„Ништо не се промени. Имаме предност и тоа е добро, но треба и по паузата за репрезентации да продолжиме да играме во добра форма“, вели Анчелоти.

„Ви го кажувам тоа бидејќи јас загубив финале во Лигата на шампионите во кое водев со 3-0 на полувреме. Се надевам дека тоа нема да се случи сега“.

Тоа беше легендарното финале во 2005 година, кога Милан водеше со 3-0 на полувреме, а во вториот дел Ливерпул успеа да изедначи на 1-1, потоа да победи на пенали и да го крене големиот трофеј.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе