Јовиќ по 20 месеци постигна гол за Реал Мадрид, Србинот доби шанса и конечно ја искористи, а по мечот стигнаа пофалби од Карло Анчелоти.
„Јовиќ е добар напаѓач. Многу е силен. Сакам да му честитам бидејќи не е лесно кога не играте. Ја искористи својата шанса и даде гол. Беше подготвен иако претходно не играше. Во тимот имаме и други момци кои заслужуваат да играат, а не добиле шанса и тоа е мојот најголем проблем“, вели Анчелоти.
Италијанскиот стратег потврди дека Карим Бензема нема да игра во вторник против Интер.
„Карим има проблем. Ќе видиме во наредните неколку дена, но мислам дека нема да биде подготвен за во вторник. За во недела ќе видиме“.
Во недела Реал Мадрид исто така игра големо дерби, во Ла Лига ќе се сретне со градскиот ривал, Атлетико.