Лига на шампиони

Анчелоти го замрзна Азар на клупата, објасни зошто не му даде шанса против Шахтар

Се чини дека Еден Азар уште во јануари ќе треба да си најде нов клуб доколку сака да игра, Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти.

Азар настапи само на еден од четирите меча во Лигата на шампионите оваа сезона и има одиграно само 45 минути за Реал во октомври по репрезентативната пауза.

Ниту повредата на Родриго не му овозможи настап на Азар. А по мечот Анчелоти објасни зошто не му дал шанса.

„Азар е подготвен за игра. Можеше да игра денеска или во сабота. Потребни му се минути за да се врати во најдобра кондиција. Ќе ги има. Мислев да го играм денеска, но стратегијата ми беше таква што преферирав да играм крило. Тој е подобар повнатре на теренот, затоа го одбрав Лукас Васкез наместо него“, вели Анчелоти.

Откако пристигна во Реал Мадрид, Анчелоти му промени неколку позиции на Азар обидувајќи се да му ја пронајде идеалната, но Белгиецот не блесна на ниту една. Веројатно ќе добие уште некоја шанса пред да биде одлучено да биде продаден.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе