Карло има оправдание за лошата игра на Камавинга и Чуамени

Анчелоти: Дресот на Реал Мадрид е многу тежок

Реал Мадрид со пресврт во второто полувреме дојде до победа на гостувањето кај Алмерија од 2-1, Анчелоти ја објасни лошата игра на Камавинга и Чуамени.

За вчерашниот натпревар со Алемрија, Анчелоти во составот направи неколку замени во однос на оној со кој играше во Суперкупот против Ајнтрахт.

Камавинга и Чуамени беа стартери, а Касемиро и Модриќ на клупата за резерви, од првата минута играше и Ридигер на местото од Алаба.

Но, на Реал Мадрид не му одеше, Алмерија поведе со 1-0. Веднаш во вториот дел влезе Модриж место Камавинга, а потоа во игра беше ставен и Азар место Чуамени. По што кралскиот клуб изедначи преку Васкез, а во 75. минута влезе и Алаба кој погоди за 2-1.

„Камавинга и Чуамени не го покажаа квалитетот кој го гледам од нив на тренинг, но тоа е нормално, овој дрес е многу тежок“, изјави Анчелоти по мечот.

„Од тоа што го покажуваат младите играчи на тренингот, заслужуваат да играат. Но на емоционално ниво, мечот е малку тежок за нив“.

„Задоволен сум од натпреварот иако тој не беше спектакуларен“.

„Ридигер одигра одличен меч, тој има многу искуство“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе