Експедицијата на Реал Мадрид вчера пристигна во Челси без Карло Анчелоти, стратегот беше неизвесен поради ковид-19.
Запрашан за отсуството на неговиот колега, Томас Тухел синоќа рече: „Во денешно време, имаме многу помош од технологијата, па тој ќе може да дава инструкции и постојано ќе биде во контакт со играчите и персоналот, но секогаш е подобро кога имате директно влијание. Сите тренери сакаат да бидат во центарот на собата и да бидат дел од групата, постојано да комуницираат и не само со зборови, туку и со чувства, на пример со насмевка“.
„Се надевам дека ќе биде дел од натпреварот. Имам информации дека ќе се обиде да пристигне утре (денес) вечер. Лично се надевам дека ќе успее. Тој е голем тренер и ќе биде убаво доколку стои покрај аут линијата на ваков натпревар“.
Предвидувањата на Томас Тухел се остварија, медиумите од Шпанија пренесуваат дека Карло Анчелоти утрово добил негативен тест и ќе патува во Лондон.
Тој со денови немал симптоми, се чувствува добро, па ќе го предводи Реал Мадрид на Стемфорд Бриџ.