Серија А

Амазон и Нетфликс ја сакаат Серија А

Извршниот директор на лигата, Луиџи Де Сиерво открива дека и компании како Нетфликс и Амазон се заинтересирале за купување на ТВ правата од Серија А. 

Покрај стандардните тв куќи кои вообичаено ги откупуваат ТВ правата од големите фудбалски лиги, интерес за Серија А има и од компании како што се Нетфликс и Амазон.
 
„Имаме многу силен партнер каков што е Скај, го имаме и ДАЗН, кој покажа верба во Италија со сериозна инвестиција“, вели извршниот директор Луиџи Де Сиерво.
 
„Мислам дека ќе имаме позитивни изненадувања, дури и покрај тоа што во моментов нема силна конкуренција како во изминатите години кога и Медиасет се бореше за ТВ правата“.
 
„Интерес има и од големите интернационални платформи како што се Амазон и Нетфликс. Се надеваме дека фудбалот ќе се врати во центарот на конфронтацијата меѓу технологиите и платформите“.
 
„Со креирање на единствена мрежа, фудбалот може да биде атрактивен елемент. Продукт кој се случува во странство, каде телефоните можат да ја унапредат содржината“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе