17 годишниот Гави важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа, оваа недела тој собори уште еден рекорд и стана најмладиот стрелец во дресот на Шпанија (минатата година во октомври стана најмладиот фудбалер кој го облекол дресот на „црвената фурија).
Неговиот договор истекува во 2023 година, Барселона прави напори да ја продолжи соработката но минатиот месец настана тензија, Жоан Лапорта јавно го нападна агентот на играчот и го обвини дека не одговара на предлогот кој бил доставен.
Медиумите од Шпанија сега пренесуваат за голем пропуст на Камп Ноу, „каталонците“ заборавиле да го испратат мејлот со понудата за нов договор па затоа немало никаков одговор од играчот.
Кога директорите ја увиделе грешката, бил испратен мејл со кој најпрво му се извиниле на агентот, и му го испратиле формалниот предлог за продолжување на соработката.