Премиерлига

Алиоски: Челси е силен тим, но не се плашиме, на Стемфорд Бриџ одиме по бодови

Во пресрет на денешниот натпревар против Челси, игирачот на македонската репрезентација и Лидс, Езгјан Алиоски верува дека со тимска игра можат да направат изненадување на Стемфорд Бриџ. 

Денеска, во вечерниот термин од 21 часот, Челси го пречекува Лидс во меч од Премиерлигата. Сините се во одлична форма, но тимот на Биелса покажа дека може да се носи со сите. Свое мислење пред натпреварот даде и нашиот Езгјан Алиоски.
 
„Ги гледавме Челси во Лигата на шампионите претходно, ја освојуваа и лигата. Тие се голем клуб со големи играчи“, вели Алиоски.
 
„Убаво е што влеговме во Премиерлигата и играме против вака силни тимови, можеме да видиме каде сме“.
 
„Мислам дека и веќе покажавме кога игравме со Манчестер Сити и Ливерпул дека сме подготвени да натпревиме нешто против вакви екипи“.
 
„Исто и против Арсенал и Евертон, имаме квалитет, но можеме да парираме само ако играме како тим“.
 
„Тие можеби имаат подобри индивидуални играчи, но но тимската игра која ја имаме, заедно со вербата еден во друг, навистина ни помага“.
 
„Можеме да одиме било каде и да ги изненадиме големите, не се плашиме да одиме таму и да земеме бодови“.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе