„КАТАЛОНЦИТЕ“ ДОСТАВИЛЕ КОНКРЕТНА ПОНУДА

Алегри на маса има три годишен договор од Барса вреден 24 милиони евра

Според пишувањата на медиумите од Италија, Барселона доставила конкретна понуда до Масимо Алегри за тренерот да го наследи Луис Енрике на кормилото на Камп Ноу

„Каталонците“ се во потрага на нов тренер откако Луис Енрике соопшти дека нема да стави потпис на нов договор и по крајот на сезоната ќе замине од клубот.

Медиумите ја поврзуваат Барселона со голем број на имиња, а едно од нив е Масимо Алегри.

Според Премиум Спорт, шампионот на Шпанија веќе остварила контакт со тренерот на Јувентус.

Масимо Алегри има понуда да го наследи Луис Енрике и на маса има тригодишен договор вреден 24 милиони евра.

Италијанецот претходно се поврзуваше и со клупата на Арсенал, а од таборот на Јувентус постојано инсистираат дека тој нема да замине од Торино.

Што се однесува до другите имиња за наследник на Луис Енрике, на листата со желби високо котираат уште Хуан Карлос Унзуе и Ернесто Валверде.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе