Смета дека Аргентинецот назадувал

Алегри: Дибала едно време почна да лета во облаци, мислеше дека е новиот Меси

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри вели дека Пауло Дибала мора да биде оној стариот доколку сака да го прикаже најдоброто од себе и смета дека Аргентинецот назадувал поради споредбите со Лео Меси.

По седум години во Јувентус, Пауло Дибала ова лето ќе замине од Торино откако „старата дама“ реши да не му го продолжи договорот, потег кој предизвика лавина на реакции.

Во разговор со ДАЗН, Макс Алегри смета дека Аргентинецот назадувал поради споредбите со Лео Меси.

„Пауло мора да биде оној стариот, имаше период кога почна да лета во облаци поради споредбите со Лео Меси. Еден фудбалер не треба да имитира или да мисли дека е ист како друг фудбалер, секој треба да игра на свој начин“ – вели тренерот на Јувентус.

„Дибала има уште многу да понуди бидејќи располага со извонредни технички квалитети, се работи за навистина добар фудбалер, но мора да се фокусира на сопствените физички и технички квалитети“.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе