„Каталонците“ се во големи проблеми

Алармантна изјава на потпретседателолт на Барса: Нашата сметка за плати е 560 милиони евра, на Реал Мадрид е 400 милиони

Потпретседателот на Барселона, Едуард Ромеу откри дека Барселона и понатаму има огромна сметка за плати која изнесува 560 милиони евра, за споредба, Реал Мадрид има сметка за плати од 400 милиони евра.

Кризата која настана со пандемијата на ковид-19 силно ја погоди Барселона, „каталонците“ немаат пари и минатото лето беа принудени да ја пуштат својата икона Лео Меси да замине беспари.

Слична е ситуацијата и сега, нема средства за засилување на тимот, па се кројат планови да се продава дел од имотот за да се подобри финансиската состојба.

Потпретседателот Едуард Ромеу сега излезе со алармантна изјава и откри дека сметката за плати на Барселона е 560 милиони евра. За споредба, сметката за плати на Реал Мадрид е 400 милиони евра, додека пак на Баерн Минхен е околу 300 милиони евра.

„Скративме 150 милиони евра, се наоѓаме на прав пат но тоа не е доволно. Имаме сметка за плати од 560 милиони евра. Само за споредба, Баерн има речиси два пати помала сметка за плати, односно 300 милиони евра. Реал Мадрид пак има сметка за плати од околу 400 милиони евра“ – вели Едуард Ромеу.

Мундо Депортиво вчера објави дека од сите фудбалери (освен оние кои неодамна го обновија договорот и засилувањата во јануари) ќе биде побарано да прифатат 50% помала плата.

„Платите се напумпани, водиме преговори за нивно намалување. Преговорите се индивидуалнои и првично преговараме со оние кои имаат високи плати“.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе