ЦР7 често е критикуван

„Ако не сте задоволни од Роналдо, дајте ми го мене, има место за него во мојот тим“

Тренерот на Вулверхемптон, Бруно Лаж не ги разбира критиките на адреса на Кристијано Роналдо, вели дека секој тим би сакал да има фудбалер како Португалецот.

Во последните денови од летниот преоден рок, Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед и имаше второ деби од соништата во дресот на „ѓаволите“ со два гола против Њукасл.

Португалецот вкупно осум пати ја тресеше мрежата во Премиерлигата, а постигна и неколку клучни голови во Лигата на шампиони, но често е критикуван и добива замерки за игрите кои ги прикажува.

Во пресрет на утрешниот дуел помеѓу Манчестер јунајтед и Вулверхемптон, гостинскиот тренер Бруно Лаж вели дека не ги разбира критиките на адреса на Кристијано Роналдо.

„Ако не сте задоволни од Роналдо, дајте ми го мене, има место за него во мојот тим“ – вели предводникот на „Волците“.

„Кога купувате играч, најважно е да видите што има тој да му понуди на вашиот тим и каков ќе биде неговиот придонес. Кристијано Роналдо постигнува голови. Тој е машина, мисли само на гол, гол, гол... Живее за тоа, игра за тоа. Роналдо е голем играч и секој тим би сакал да има фудбалер како него“.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе