Сериозни обвинувања

Адвокатот на Марадона: Диего 12 часа бил без медицински надзор, ова е криминален идиотизам!

Адвокатот Матијас Морла обвини за медицинска небрежност при смртта на Диего Марадона, легендарниот фудбалер 12 часа не добил внимание или контрола од медицинскиот персонал а брзата помош доцнела половина час.

Диего Армандо Марадона почина синоќа на 60-ет годишна возраст, легендата на Аргентина доживеа срцев удар. И додека нацијата се простува од фудбалскиот големец, неговиот адвокат излезе со сериозни обвинувања.

„Необјасниво е тоа што дури 12 часа Диего не добивал внимание или контрола од медицинскиот персонал. На брзата помош и требалo повеќе од половина час да пристигне, ова е криминален идиотизам. До крај ќе се борам за да ја докажам правдата. Како што еднаш ми рече Диего, „Ти си мојот војник, кој работи без поштеда““ – порача Матијас Морла.

Леополдо Луке, личниот доктор на Диего Марадона одби да ги коментира ваквите обвинувања. Медиумите пак пренесуваат дека семејството на Диего Марадона не го поканиле Матијас Морла на бдеењето.

Ковчегот со телот на Диего Марадона е излежен во претседателската палата „Каса Росада“ во Буенос Ариес, илјадници фанови уште од 6 часот наутро поминуваат да му оддадат почит.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе