Лига Европа ждрепка

Адеми и Ристовски денеска ќе го дознаат противникот за осминафиналето во ЛЕ

Синоќа заврши првата елиминациона рунда од Лига Европа, 16 екипи продолжуваат понатаму, а денеска ќе ги дознаат противниците за осминафиналето.

Денеска од 13 часот во Нион ќе биде извршена ждрепката за следната рунда во Лига Европа.

Од македонските фудбалери во игра останаа Аријан Адеми и Стефан Ристовски откако Динамо Загреб и по вторпат го победи Краснодар, испадна Елмас кој со Наполи не успеа да ја помине Гранада.

16 екипи остануваат во натпреварувањето, тие се: Милан, Ајакс, Арсенал, Динамо Загреб, Динамо Киев, Гранада, Манчестер јунајтед, Молде, Олимпијакос, Глазгов Ренџерс, Рома, Шахтар, Славија Прага, Тотнем, Виљареал и Јанг Бојс.

Во ждрепката нема да има никакви привилегии, сите екипи ќе се влечат од еден шешир.

Првите осминафинални натпревари се играат на 11 март, а седум дена подоцна се реваншите.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе