Постигна гол и изнуди пенал

Адеми блескаше во победата на Динамо Загреб над Вараждин (ВИДЕО)

Аријан Адеми постигна гол и изнуди пенал во триумфот на Динамо Загреб од 1-3 на гостувањето кај Вараждин, „модрите" сега имаат +20 на врвот на табелата.

Овој викенд продолжија возбудувањата во првенството на Хрватска, а Динамо Загреб продолжи онаму каде што запре пред два ипол месеци.

Вечерва, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ги предводеше „модрите“ до триумф од 1-3 на гостувањето кај Вараждин. 

Фудбалерот од средниот ред најпрво го отвори резултатот во 13. минута, а пет минути подоцна изнуди пенал кој Петковиќ го реализираше за 0-2. 

Вараждин успеа да намали на 1-2 во финишот на мечот со голот на Обрегон, но домаќините немаа сила за уште еден погодок, па во 94. минута Марин ја запечати победата. 

Со новите три бода, Динамо Загреб сега има +20 бода на врвот на табелата во однос на Хајдук.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе