Листата претрпе одредени промени

10-те најплатени фудбалери во Премиерлигата по крајот на летниот преоден рок

По крајот на летниот преоден рок има одредни измени кога се во прашање 10-те најплатени играчи во Премиерлигата, но на врвот и понатаму останува Кристијано Роналдо.

Клубовите од Премиерлигата ова лето потрошија скоро 2 милијарди фунти, пристигнаа неколку звучни имиња, па има одредени измени кога се во прашање најплатените играчи.

Кристијано Роналдо и понатаму останува на врвот, пред Кевин де Брајне додека Ерлинг Халанд веднаш влезе во топ 3. Манчестер Сити можеби плати само 60 милиони евра како обесштетување, но мораше на напаѓачот да му понуди богат договар.

Новајлии на листата се и Касемиро, кој го напушти Реал Мадрид за авантура во Манчестер јунајтед, како и Калиду Кулибали, кој стави крај на престојот во Наполи и го одбра Челси како нов предизвик.

Трансферот на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити во Челси му донесе на англичанецот скок во платата, а истото важи и за Габриел Жесус, кој од Манчестер Сити се пресели во Арсенал.

10-те најплатени фудбалери во Премиерлигата:

1. Кристијано Роналдо – £510,000
2. Кевинн де Брајне – £400,000
3. Ерлинг Халанд – £375,000
3. Давид де Хеа – £375,000
4. Џејдон Санчо – £350,000
4. Мохамед Салах – £350,000
5. Рафаел Варан – £340,000
6. Рахим Стерлинг – £325,000
7. Џек Грилиш – £300,000
7. Касемиро – £300,000
8. Калиду Кулибали £295,000
9. Нголо Канте – £290,000
10. Габриел Жесус – £265,000

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе