вторник, 19 март 2024

Фудбалер на Естудијантес колабираше на теренот, натпреварот беше прекинат (ВИДЕО)

Натпреварот од Лига купот на Аргентина меѓу Естудијантес и Бока јуниорс е прекинат во 27. минута поради тоа што еден фудбалер на домаќините се сруши на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Непријатниот момент му се случи на чилеанскиот фудбалер Хавиер Алтамирано кој наеднаш падна на теренот. Завладеа паника меѓу сите присутни. Први кои сфатија дека состојбата е сериозна беа неговите соиграчи Енцо Перез и Аскасибар кои помогнаа да не го голтне јазикот.

Фудбалерот беше однесен во болница и првите информации се позитивни, неговиот живот не е во опасност.

Натпреварот беше прекинат бидејќи сите актери на теренот беа потресени од тоа што се случи и не беа во состојба да продолжат да играат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ