Не стивнуваат реакциите за Ѓоковиќ

Зверев: Жал ми е за Ѓоковиќ, сега целиот свет зборува негативно за него, а можеше сè да биде поинаку

Еден од тенисерите кои се добри пријатели со Новак Ѓоковиќ, Александер Зверев изрази голема поддршка за српскиот играч. 

Реакциите за Новак Ѓоковиќ никако да стивнат, сега со изјава се јави Александер Зверев кој смета дека Австралија уште на почетокот требало да постави јасни правила, а не да го измачува српскиот тенисер кога тој веќе пристигнал таму.
 
„Тој имаше виза, а потоа му ја зедоа кога пристигна. Ги доби на суд и му дадоа да тренира, да остане во сместувањето кое што го избрал. А потоа мораше повторно назад во Србија. Целата ситуација не е лесна, а посебно за него. Тешко е да се каже што било.  На луѓето во Австралија им беше тешко, земјата беше затворена речиси две години и ја разбирам и таа перспектива“, вели Зверев.
 
„Минатата година имавме тешки правила, но не се жалев. Крег Тајли изгуби неколку години од својот живот, но направи фантастична работа. Направи турнир кога сѐ беше затворено, а го имаме и оваа година, вложи огромен напор. Мислам дека заслужува честитки за тоа. Ќе повторам, го разбирам гледиштето на Австралијанците, на Владата, но исто така верувам дека мораше да има повеќе комуникација меѓу Владата на Викторија и Австралија пред да дојде Ѓоковиќ“.
 
„Тешко му е сега во оваа позиција. Цел свет зборува за тоа, цел свет зборува на негативен начин за еден од најголемите спортисти на сите времиња, и мене ми паѓа тешко поради тоа. Мораше сѐ да биде јасно од почетокот, или да му дозволат да влезе или не. Ако кажеа дека нема да им биде дозволен влез на невакцинираните лица, тогаш тој не би ни доаѓал во Австралија и тоа е тоа. Целата оваа драма немаше да се случи. Жал ми е за него, посебно затоа што целиот свет сега зборува за него“.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе