Ролан Гарос

Зверев му се одмазди на Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос

Александер Зверев со 3-1 во сетови го победи младиот шпански талент Карлос Алкараз и се пласираше меѓу четирите најдобри на Ролан Гарос. 

Алкараз го победи Зверев во финалето на турнирот во Мадрид, но во денешниот двобој на Ролан Гарос, германскиот тенисер беше подобар.
 
Зверев првите два сета ги доби со по 6-4, третиот со истиот резултат му припадна на Алкараз. Во четвртиот се играше тај-брејк кој го доби Германецот со 9-7 и победи со 3-1.
 
Алкараз несомнено е огромен талент, но својот прв грен слем трофеј ќе го бара на некој друг турнир.
 
Зверев во полуфиналето ќе игра со победникот од мега пресметката меѓу Ѓоковиќ и Надал.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе