Мото ГП

Зарко со рекорден круг до пол-позиција во Силверстон, страшен пад на Еспаргаро (ВИДЕО)

Жоан Зарко стигна до пол-позиција на ГН на Велика Британија во Силверстон, возачот на Прамак Дукати извозе рекорден круг со време од 1:57.767.

По летната пауза, Мото ГП се врати со трката за ГН на Велика Британија во Силверстон. Квалификациите донесоа многу возбуда, дури осум пилоти возеа под рекордот на патеката.

На крајот најбрз беше Жоан Зарко, кој со време од 1:57.767 стигна до пол-позиција пред Маверик Вињалес и Џек Милер.

Претходно во четвртиот слободен тренинг публиката беше сведок на страшен панд на Алеш Еспаргаро, кој летна од моторот при брзина од речиси 200 км/ч.

Шпанецот, кој се бори за титулата со Фабио Квартараро, на носилки беше изнесен, но за среќа нема посериозни повреди и беше дел од квалификациите, каде финишираше на позицијата број шест.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе