По воведниот пораз од Египет од 3-1, македонските одбојкарки денеска загубија и од Тунис, овојпат без ниту еден добиен сет.
Тамара Стојанова беше најефикасна во црвено-жолтиот табор со 12 поени, Јонузи заработи 6, Терзиевска и Стојановска по 5.
Македонските одбојкарки коишто со учеството на Медитеранските игри се вратија на интернационалната сцена по повеќе од десетгодишна пауза, утре во последното коло од групната фаза ќе играат против Грција.