УФЦ 266

Волкановски со моќен перформанс го победи Ортега и го одбрани шампионскиот појас во УФЦ (ВИДЕО)

Австралијанецот со македонски корени, Александар Волкановски покажа зошто е шампион во перо категоријата во УФЦ, тој со одличен настап го победи Брајан Ортега од САД и го одбрани појасот. 

Пубеликата во полната „Т-мобиле арена“ во Лас Вегас беше на страната на Брајан Ортега, но тоа не му пречеше на Волкановски кој го имаше еден од своите најспектакуларни настапи досега.
 
Ако неговиот стил на борба претходно беше оценуван како досаден, овојпат го покажа спротивното, му зададе многу удар во главата на Ортега и доминантно го победи.
 
Во третата рунда Ортега изведе два зафати кои можеа да бидат кобни за Волкановски, но шампионот успеа да се одбрани а потоа буквално го толчеше противникот.
 
На крајот судиите немаа дилеми на кој да му ја доделат победата, нивниот глас беше 49-46, 50-45 и 50-44 во корист на Волкановски.
 
Ова беше 20. ММА победа по ред во кариерата за Волкановски, неговиот вкупен рекорд е 23 победи и еден пораз.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе