Прес-конференција на Виз Ер Скопски маратон

Во недела стартува 18. издание на Виз Ер Скопски маратон, стартот и целта на добро позната локација

Најпознатиот спортски настан во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, која што сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година.  

Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата, - маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, - „ЕУ за спортот“ и трката на 5км ќе започнат точно во 08:00 часот. 
 
Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната прес конференција најави дека се менува дел од патеката по која се трчаше изминативе години. Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е плоштадот „Македонија“ со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот. 
 
Учесниците на трката на 5км ќе тргнат од „Рекорд“ и трчаат во правец на Аеродром, додека тркачите на маратон, полумаратон и штафетниот маратон ќе стартуваат од старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ во правец на плоштад и продолжуваат преку ул. „Теодосиј Гологанов“ кон Хром. 
 
„Огромна чест ми е што сум сведок и дел од големиот тим кој е заслужен за организација и на годинешното 18то издание на најпознатата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Оваа година на сите четири трки, - маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - „ЕУ за спортот“ и трката на 5км, - ќе трчаат над 8500 учесници. Маратонот како и секоја година, така и оваа ќе биде домаќин на квалитетни натпреварувачи. Пријаве ни се натпреварувачи од над 47 земји од целиот свет, со што покажуваме дека овој спортски настан е веќе препознатлив на светско ниво. На сите тркачи им посакувам “лесни нозе“ и да ги соборат своите најдобри времиња,“- изјави Синадиновски.
 
Директорот на Виз Ер Скопски маратон изрази огромна благодарност до организаторите на маратонот, - Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“, Министерство за внатрешни работи (МВР) како партнер на маратонот, како и до покровителите на маратонот, - Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Агенцијата за млади и спорт, како и до сите волонтери кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание. 
Синадиновски ги потсети сите тркачи, кои сè уште го немаат подигнато својот стартен пакет, ќе имаат шанса истото да го направат уште денес и утре (30.09.2022 и 01.10.2022) во Веро Џамбо од 11:00 19:00 часот. Подигнувањето на пакетот ќе може да се изврши само со документ за идентификација или потврден меил од пријавата.
 
Прес конференцијата се оддржа во хотел „Парк и Спа“, каде свое обраќање имааа  градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје .
 
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека со огромно задовоство Градот Скопје е покровител и традиционален домаќин на Виз Ер Скопскиот маратон.
 
„Град Скопје е горд што по 18-ти пат е домаќин Виз Ер Скопскиот маратон на кој оваа година се пријавија над 8500 учесници од 47 земји низ светот. Градот Скопје покрај тоа што финансиски ја поддржува оваа голема манифестација, која ги промовира градот Скопје и Македонија како спортска и туристичка дестинација, исто така овозможи логистичка поддршка од градските јавни претпријатија со цел успешно оддржување на годинешниот Виз Ер Скопски маратон.,“- изјави градоначалничката Арсовска.
 
„Сите кои нема да бидат во можност маратонот да го проследат на скопските улици, ќе можат да го гледаат во живо на официјалниот профил на Македонскиот Олимписки Комитет на Јутјуб (YouTube): https://www.youtube.com/channel/UCg_F0azsm6udJTAGWMPOCFg. Во понеделникот нè напушти Ѓорѓи Кузмановски, претседателот на Сојузот на спортови на Скопје. Оваа недела беше тешка за сите нас, но знаеме дека тоа ќе ни даде ветар во грб за целиот маратон да помине во најдобар ред. Овогодинешниот маратон му го посветуваме токму на него,“- изјави Николовска.
 
Виз Ер Скопски маратон како секој познат светски маратон секоја година внесува нешто ново во организацискиот дел, па така оваа година традиционалната „Pasta Party“ ќе се реализира во соработка со тркачкиот клуб 091 RUNCrW. Забавата ќе се оддржи на 01.10.2022 (сабота) во МКЦ клуб и ресторан со почеток од 18:00 часот.
 
Организаторите уште еднаш ја повикаа скопксата публика да дојдат и да ги поддржат сите натпреварувачи, бидејќи сите знаеме колку им значи нивното навивање додека ја завршуваат нивната трка. За најдобрите фотографии и транспаренти ќе следува награда.
 
 
Повеќе информации за Виз Ер Скопскиот маратон може да се најдат на официјалната веб страница: http://skopskimaraton.com.mk/
 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе