Вимблдон

Вимблдон забрани учество на Руси, а тенисерка родена во Москва го освои турнирот

Елена Рибакина ја освои својата прва грен-слем титула откако во финалето на Вимблдон со 2-1 во сетови ја совлада Онс Жабур. 

Поради војната во Украина, Вимблдон забрани на овогодишното издание да учествуваат тенисери од Русија и Белорусија.
 
Но не можеше да ѝ забрани на Рибакина која е родена во Москва, до 2018 играше под руско знаме, но тогаш одлучи да игра за Казахстан.
 
Рибакина лошо влезе во мечот, го загуби првиот сет со 6-3, но тоа и не беше некое изненадување бидејќи Жабур важеше за блага фаворитска во ова финале.
 
Во продолжението од мечот Рибакина се разигра, ги доби следните два сета со по 6-2 и сосема заслужено се радуваше на својата најголема победа во кариерата.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе