Видеолотарија ќе го спонзорира учеството на Бузалковски на БМУ Европскиот шампионат

Видеолотарија касинос Австрија со спонзорство од 2.500 евра го поддржа македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски за учество на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

„Видеолотарија во своите заложби за поддршка на македонскиот спорт, донесе одлука за спонзорство на македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на здружение Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ TEAM Скопје. Средствата во износ од 2.500 евра, ќе му овозможат учество на меѓународни шампионати. Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите“, соопшти компанијата.

Според преостанатиот календар за тековната 2022 сезона, Бузалковски ќе се натпреварува од 23 до 25 септември во Навак, Србија, а потоа од 21 до 23 октомври во Серес Грција.

Бузалковски претходно има осум победи од осум трки во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе