Тој по гласањето одговарајќи на новинарско прашање за екипираноста на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што треба.
„Покриени се сите сектори за внатрешни работи од аспект на технички и човечки ресурси. Министерството за внатрешни работи постапува согласно планот и оперативната акција, која како таква е утврдена во рамки на оперативниот штаб. Сѐ си тече како што треба“, подвлече Тошковски.
Тој изрази надеж дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.