Британецот со фантастична трка триумфираше во Бразил

Верстапен еднаш го истурка Хамилтон надвор од патеката, вториот пат не можеше ништо (ВИДЕО)

Луис Хамилтон победи на ГН на Бразил, Британецот со старт од позицијата број 10 ја збриша конкуренцијата, се справи и со Макс Верстапен и славеше во Интерлагос.

Луис Хамилтон ја намали предноста на Макс Верстапен во генералниот пласман на 14 поени откако денеска триумфираше на ГН на Бразил. Британецот стартуваше како десети, но ја збриша конкуренцијата, се справи и со Холанѓанецот и мина прв низ целта.

Двата лути ривали првиот дуел го имаа во 48. круг, Макс Верстапен не сакаше да попушти, доцно запираше и го истурка Луис Хамилтон во свиокот број 4, стјуардите го разгледаа инцидентот и оставија битката да биде решена долу на патеката.

11 круга подоцна, на истото место, Макс Верстапен немаше што да бара и Луис Хамилтон изби во водство, и потоа рутински одработи за славје во Интерлагос.

Последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас, кој синоќа победи во спринт трката.

Во бодови денес уште завршија Серхио Перез, Шарл Леклер, Карлос Саинц, Пјер Гасли, Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Ландо Норис.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе