Успешен настап на македонската скајранинг репрезентација на Алпите во Италија

Македонската репрезентација во скајранинг - екстремна форма на планинско трчање, со успех настапи на седмото светско првенство кое се одржа во периодот 09-11.09.2022 година на Алпите во Италија.

На првенството учествуваа 35 национални тимови, со вкупна бројка од над 300 спортисти распоредени во три дициплини: вертикален километар (искачување на 1000 метри денивелација), скај-класик (29 километри со 2200 висински метри) и скај-ултра (58 километри со 3500 висински метри). 
 
Нов светски шампион е домаќинот Италија со освоени 908 бодови, пред второпласираната Шпанија и третопласираната Јапонија. Македонскиот национален тим броеше седум спортисти и сите дадоа значаен придонес во освоените 136 бодови со кои се пласиравме на 20-тото место од 35 земји учеснички. За издвојување се одличните резултати на Елена Ртоска (20 место ВК, 22 место скај-класик) и Дејан Ангелоски (22 место ВК), а успешни настапи и пласман во бодови имаа сите останати наши претставници: Никола Илиевски, Вера Урдаревска, Ивана Пекевска, Антонио Каранфилоски и Александар Кирковски.
 
Скајранингот како најекстремна форма на планинско трчање се карактеризира со големи стрмнини, каменест технички терен, најчесто над 2000 метри надморска височина. Како спортска дисциплина започнува да се развива кон крајот на 80-тите во алпските земји, а голем подем во светски рамки бележи во последните 20-тина години. Ова е второ учество на македонска репрезентација на светско првенство, а имаме успешени настапи и на две европски и едно младинско светско првенство. Скајранингот е дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на С.Македонија како полноправна членка на Светската скајранинг федерација.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе