БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА

Три години од несреќата на Михаел Шумахер

Поминаа точно три години од тешката несреќа на Михаел Шумахер во зимскиот центар Мерибел од тогаш легендарниот Ф1 возач се бори за живот.

Борбата продолжува, поминаа три години од големата несреќа на Михаел Шумахер кога додека скијал во Мерибел паднал и ја удрил главата во камен.
 
По падот Шумахер веднаш беше префрлен во клиниката во Гренобл каде што му беше извршена операција, а потоа дури шест месеци беше држен во вештачка кома. 
 
Михаел лекувањето го продолжи во Лозана се до септември минатата година кога беше префрлен на домашно лекување во Гланд, Швајцарија.
 
Неговото семејство на највисоко ниво ја чува приватноста, па тешко излегуваат нови информации за неговата здравствена сеостојба.
 
Михаел Шумахер е единствениот Формула 1 возач кој седум пати бил шампион, има најмногу победи, најмногу пол позиции, најмногу извозено најбрзи кругови. Најголемите успеси ги постигна како возач на Ферари, а во кариерата има возено и за Џордан, Бенетон и Мерцедес.
 

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе