Љубителите на боксот во екстаза

Тајсон Фјури следниот месец доаѓа во Скопје?!

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури би можел следниот месец да дојде во посета на Скопје како гостин на 11-от конгрес на Интернационалната ромска Унија.

Тајсон Фјури изминатиов викенд се врати на тронот, доминираше против Дионтеј Вајлдер, на убедлив начин со технички нокаут во седмата рунда дојде до победа и по втор пат стана шампион во тешка категорија.

Само неколку дена по фантастичната борба во Лас Вегас, се шпекулира дека Тајсон Фјури би можел следниот месец да дојде во посета на Скопје.

Од 26. до 29. март, главниот град на Македонија ќе биде домаќин на 11-от конгрес на Интернационалната ромска Унија (ИРУ) и како што пренесува порталот Рома Тајмс, многу лесно може да се случи боксерот да биде гостин на конгресот.

Во моментов се водат преговори со ПР службата на Тајсон Фјури, и доколку „Кралот на ромите“ нема поважна активност во тој период, ќе пристигне во нашата земја.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе