Бокс

Тајсон Фјури двапати беше во нокдаун, но на крајот со нокаут го победи Вајлдер и ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Тасјон Фјури доби уште една голема битка против Деонтеј Вајлдер откако победи со нокаут во 11. рунда од мечот со што ја одбрани титулата во ВБЦ тешка категорија. 

„Ромскиот крал“, Тајсон Фјури уште еднаш покажа дека е подобар боксер од Вајлдер, овој пат го победи во интересен меч во кој и двајцата имаа свои периоди.
 
Публиката во Т-мобиле Арената во Лас Вегас уживаше во тоа што го приредија двајцата боксери.
 
Вајлдер почна поагресивно, но првиот добар удар го имаше Фјури уште во првата рунда кога силно го потресе Американецот. Се зголеми довербата на Фјури и продолжи да доминира, во третата рунда Вајлдер беше во нокдаун, но се опорави.
 
Четвртата рунда му припадна на Вајлдер, Тајсон Фјури двапати се најде во нокдаун, но успеа да преживее, и гонгот го спаси.
 
Како одминуваше времето Фјури стануваш се подобар, во десеттата рунда уште еднаш го прати Вајлдер во нокдаун, а во 11. рунда го нокаутираш. Американецот овојпат не успеа да закрепне и падна во нокаут.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе