петок, 29 март 2024

Тројца загинати и четворица тешко повредени во сообраќајка утрово кај Кичево

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило пежо со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило фолксваген голф со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Објавено на

часот

Сподели

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им починал на пат кон Комплекот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од СВР Охрид.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото пежо.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ