По нејзиното одење во пензија

„Таа е легенда на спортот“: Новак Ѓоковиќ ѝ оддаде почит на Марија Шарапова

Највисоко рангираниот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, вели дека влијанието на Марија Шарапова врз спортот ќе трае долго по нејзиното пензионирање, откако руската петкратна грен слем-шампионка соопшти дека ја завршува кариерата.

Шарапова (32) во средата откри дека се повлекува од тенисот, по серија повреди во последните сезони.

По вториот триумф на тенискиот шампионат во Дубаи против Германецот Филип Колшрајбер Ѓоковиќ ја повика публиката да ѝ даде голем аплауз на Шарапова.

„Нејзиното влијание врз спортот, не само врз женскиот тенис, туку и врз машкиот тенис, врз тенисот општо, беше огромно“, рече тој.

„Тоа сè уште е огромно. Долго ќе биде присутно затоа што нејзиниот бренд мислам дека ги надминува нејзините тениски достигнувања“.

И покрај нејзините повремени неуспеси поради повредите, Ѓоковиќ тврди дека нејзините достигнувања во играта ги засенуваат успесите на многу од најголемите ѕвезди на спортот.

„Таа има шампионски ум, на некој што никогаш не се откажува. Таа особено го покажа тоа во последните пет години. Имаше многу пречки и потешкотии, особено со повредите и со сè што мораше да претрпи за да си даде барем уште една шанса да игра конкурентен тенис“, рече тој.

„За некој што победил на пет грен слема и бил број 1 во светот, легенда за спортот, не е лесно сè да почне одново. Таа толку многу пати го направи тоа во последните пет години“.

Сега, вели Ѓоковиќ, време е Шарапова да добие малку заслужен одмор. Србинот вели дека таа може со задоволство да здивне, со оглед на достигнувањата што ги постигна за време на нејзината импресивна кариера.

„Почит. Голема почит кон неа. Ѝ посакувам огромно олеснување на товарот. Сигурен сум дека таа сега чувствува огромно олеснување“, рече тој. „Би претпоставил дека тоа е чувството што доаѓа во прв момент. Таа дефинитивно треба да биде горда со сè што постигна.“

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе