Конечно добри вести за состојбата на седумкратниот првак

Шумахер се буди, покажува знаци на освестување

Михаел Шумахер покажува знаци на будење од вештачката кома во која се наоѓа 29 декември минатата година. Седумкратниот светск првак во Формула 1 бележи значително подобрување во рехабилитацијата, потврди неговата менаџерка Сабина Кем.

„Михаел остварува напредок, во одредени моменти покажува знаци на свест и се полека започнува да се буди. Неговите најблиски и докторите во Гренобл се заедно со Михаел од почетокот на неговата тешка борба. Секогаш веруваме во неговото опоравување, а посебно сега сме оптимисти. Овој пат ве молиме за разбирање што не навлегуваме во детали затоа што сакаме да ја заштитиме приватноста на Михаел и неговото семејство и сакаме да ги оставиме докторите да работат на мира“, изјави Кем за германски Билд.

Шумахер се повреди два дена пред Нова година во Мерибел на фанцуските Алпи. Првичните прогнози беа дека повредата не е премногу страшна но, како одминуваше времето се потврди најлошото сценарио.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе