Шокантна вест од Франција: Шумахер е во кома, се бори за својот живот

Иако првично беше објавено дека Михаел Шумахер нема повреди сериозни по неговиот живот откако со глава удрил во карпа на скијање во Франција, сепак тој се бори за својот живот откако паднал во кома.

Шумахер настрада при скијање во ресортот Мерибел и иако првичните информации беа оти состојбата на најтрофејниот Ф1 возач во историјата е стабилна, ситуацијата во се искомпликувала. Шуми има крвавење на мозокот, па тој експресно бил пренесен во медицинскиот центар во Гренобл.

„Шумахер е примен во болницата по скијачката незгода што се случила утриново. Тој имаше тешки повреди на главата и се наоѓаше во кома уште кога пристигна, по што врз него експресно беше извршена неврохируршка интервенција. Михаел останува во критична состојба“, стои во соопштението на болницата во Гренобл.

Михаел Шумахер скијал со својот 14-годишен син, кога незгодно паднал во 11 часот по локално време. Само осум минути подоцна тој со хеликоптер бил пренесен во болницата во Мутиер, а подоцна бил префрлен во далеку поспецијализираната клиника во Гренобл. Според полициските извештаи, Шуми бил свесен и комуницирал со лицата околу него веднаш по несреќата, па ситуацијата подоцна сериозно се искомпликувала.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе