Дождот донесе драматични квалификациите во Силверстон, кога се очекуваше дека Макс Верстапен ќе се радува на нова пол-позиција, во последните мигови, Карлос Саинц постави време од 1:40.983 и ја забележа првата пол-позиција во кариерата.
Шпанецот од сенка успеа да ги изненади ривалите и беше подобар за само 0.072 секунди од Макс Верстапен, кој денеска доминираше во Силверстон и сигурно ќе биде разочаран.
Шарл Леклер ќе стартува од вториот ред заедно со Серхио Перез, а потоа следуваат Луис Хамилтон, Ландо Норис, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел, Жу Гуанју и Николас Латифи.