АТП Мастерс Мадрид

Рафаел Надал спаси четири меч топки и се пласира во четвртфиналето во Мадрид

Рафаел Надал по голема борба со 2-1 во сетови го доби Давид Гофан и се пласираше во четвртфиналето на АТП мастерс турнирот во Мадрид. 

Мечот траеше повеќе од три часа, а Рафаел Надал успеа да спаси четири меч топки и да го победи Гофан.
 
Првиот сет Надал го доби со 6-3, во вториот белгискиот тенисер беше подобар со 7-5. а во третиот решавачки се играше тајбрејк кој му припадна на Шпанецот со 7-6 (11-9).
 
Надал во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Нори и Алкараз.
 
Познати се останатите три четвртфинални парови, Ѓоковиќ - Хуркач, Рубљов - Циципас и Оже Алиасим - Зверев.
 
Доколку Ѓоковиќ и Надал ги добија своите противници во четвртфиналето, ќе имаат меѓусебна пресметка во полуфиналето.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе