- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 71НОВИ / 24h
- 1 од 12
- следно ›
- Контакт
Австралија опен
Првпат по 44 години Австралија доби шампионка на АО, Барти го крена пехарот

На големо задоволство на австралиската публика, Ешли Барти ја освои титулата на Австралија опен во женска конкуренција.
Таа беше фаворит и имаше одличен старт на мечот, првиот сет го доби со 6-3, но сет за кој се зборува е вториот.
Во вториот сет Колинс поведе со 5-1, но и покрај тоа Барти не се предаде, освои четири гејма по ред и изедначи на 5-5. Следниот гејм и припадна на Американката, но Барти изедначи, а тајбрејкот го доби убедливо со 7-2 и големата радост можеше да почне.
Таа во моментов е најдобро рангирана тенисерка на светот, а таквиот статус го оправда во Мелбурн.
Утре со почеток од 9:30 часот, се игра машкото финале меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.
Други спортови
Објавено на
29 Јануари 2022 - 12:09