АТП Мастерс Индијан Велс

Продолжува победничката серија на Надал, следен е Кирјос

Рафаел Надал се пласира во четвртфиналето на Индијан Велс откако со 2-0 во сетови го совлада Рајли Опелка, тоа беше 18. победа за Шпанецот по ред. 

Рафаел Надал го има најдобриот свој старт на сезоната, 18 победи без пораз. Синоќа се испоти за да го добие Опелка но ја мина и таа пречка. Славеше со 2-0 во сетови, но и во двата се играше тајбрејк 7-6 и 7-6.
 
Во четвртфиналето Надал ќе игра против Ник Кирјос кој без борба го доби осминафиналниот меч откако Јаник Синер предаде поради болест.
 
Другите четвртфинални дуели се Алкараз - Нори, Кецмановиќ - Фриц и Рублев - Димитров.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе