Рафаел Надал го има најдобриот свој старт на сезоната, 18 победи без пораз. Синоќа се испоти за да го добие Опелка но ја мина и таа пречка. Славеше со 2-0 во сетови, но и во двата се играше тајбрејк 7-6 и 7-6.
Во четвртфиналето Надал ќе игра против Ник Кирјос кој без борба го доби осминафиналниот меч откако Јаник Синер предаде поради болест.
Другите четвртфинални дуели се Алкараз - Нори, Кецмановиќ - Фриц и Рублев - Димитров.