Во соопштението од кабинетот на шефот на државата се информира дека татково Трајко Донев, потсетил на годините кога поради неможноста да посетува училишна настава, лично тој го образувал својот син.
„Ги нагласи вложените натчовечки напори на Ристо, што и покрај атипичниот развој, придонеле за целосно искористување на неговата натпросечна интелегенција. Тој ја истакна загриженоста за егзистенцијалното прашање на Ристо во иднина, бидејќи надлежните институции сметаат дека асоцијацијата која ги организира големите натпревари во дописен шах не е составен дел на Светската шаховска федерација ФИДЕ, а поради нивниот став не му следува спортска пензија.
Претседателот Пендаровски му ги честиташе на Ристо неговите исклучителни успеси коишто се поттик, позитивен пример и гордост за целата држава. Во пресрет на судското рочиште за докажување на основите на неговото барање, претседателот ја нагласи нeопходноста надлежните институции, сериозно да ги разгледаат аргументите и посветено и одговорно да пристапат кон решавање на случајот на Ристо.
Ристо Донев е човек со многу таленти и широк спектар на познавања. Освен исклучителните достигнувања во шах, се занимава и со пишување книги, поезија и проза, а поседува и напредни вештини во областа на информатичките технологии“, се вели во соопштението на претседателот Стево Пендаровски.