УФЦ 257

Порие го нокаутираше Конор Мекгрегор (ВИДЕО)

Дастин Порие со нокаут во втората рунда го победи Конот Мекгрегор во главната борба на УФЦ 257 настант кој се одржа во Абу Даби. 

Порие го доби УФЦ спектаклот против Мекгрегор, славниот ирски борец за првпат во својата кариера загуби на ваков начин, со нокаут.
 
Порие му прво го зашемети Мекгрегор со лево кроше, а потоа со десно го собори, по што судијата ја прекина борбата.
 
Ова е реванш за поразот на Порие од Мекгрегор во 2014 година. Тогаш Ирецот го нокаутираше американскиот борец.
 
Иако ова не беше борба за појас, Порие рече дека ова за него е борба за титулата бидејќи во оваа, лесна категорија Хабиб Нурмагомедов изјави дека се пензионира иако претседателот на УФЦ, Дена Вајт се обидува да го врати за уште една борба.
Пред оваа борба имаше уште еден голем дуел во лесна категорија меѓу Ден Хукер и Мајкл Чендлер. За Челндлер ова беше деби во УФЦ но го нокаутираше својот противник уште во првата рунда. Неговите амбиции се високи, сака да оди по шампионскиот појас и во интервјуто по победата ги предизвика Конор, Порие и Хабиб.
 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе