Пецевски победи на ММА турнирот СБЦ26 во Сомбор (ФОТО)

Најдобриот македонски ММА борец, Стефан Пецевски имаше одличен настап на најпрестижниот турнир на Балканот, СБЦ. 

 
Пецевски се бореше во категоријата до 77 килограми и беше подобар од Србинот Рифат Петрушевиќ.
 
Борбата на Пецевски со Петрушевиќ траеше неполни две рунди, нашиот борец победи со зафат од позадина популарно наречен rear naked choke.
 
Ова беше четврта победа од пет борби во професионалната кариера за 24-годишниот Пецевски, има и една нерешена, се уште е без пораз.
 
За македонскиот клуб „Д Стронгест“ на СБЦ во Сомбор настапи и Азербејџанецот Хидајат Мамадов. И Мамадов оствари победа, тој беше подобар од Вељко Стојковиќ од Србија, триумфираше со зафат армбар уште во првата рунда.
 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе