Охриѓанецот Марко Пејчиновски го исплива седмиот соло маратон од планираните 10 за ова лето

Амбициозниот, млад пливачки маратонец Марко Пејчиновски од Охрид, го исплива седмиот соло маратон во водите на Охридското Езеро, на патеката Радожда - Трпејца (карпа „Стог“) - Градиште, во должина од 24 км, за 6 часа и 52 минути.

По пристигнувањето на целта, каде беше пречекан со овации од присутните, Марко изјави дека е пресреќен и задоволен од најновиот маратонски подвиг, кој го испливал лесно и за побрзо време од очекуваното.

Последниот маратон е дел од десетте маратонски препливувања на Марко, планирани за ова лето во вкупна должина од 250 km, со што тој повеќе пати ќе го прокрстари Охридското Езеро од македонска страна. Целта на 16 годишниот охридски спортски  херој е со личен  пример да ги инсприра  луѓето никогаш да не се откажуваат од нивните соништа, бидејќи како што порачува  тој, сè е можно, со посветеност и истрајност.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе