Медитерански игри

Одбојкарите со пораз од Италија го завршија настапот на Медитеранските игри

Машката одбојкарска репрезентација загуби од Италија со 3-0 (25-19, 25-16, 25-23) и го заврши настапот на Медитеранските игри. 

Македонските одбојкари одиграа рамноправно само во последниот сет, но и тоа не беше доволно за да се избегне убедлив пораз.
 
Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен со 13 поени, Милев освои 7, Савовски 6, Маџунков 5, Костиќ 4, Илиев и Ѓорѓи Ѓорѓиев завршија со по 3, а шанса доби и Стефан Алексов, кој забележа 1 поен.
 
Претходно нашите одбојкари загубија од Египет и како последни во групата А го завршија настапот на Медитеранските игри.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе