Денеска во седиштето на ЦЕВ во Луксембург се одржа ждрепката за европските натпреварувања во одбојка, Македонија свој претставник има во ОК Струмица Никоб.
Струмичани за прв противник во Лигата на шампионите го добија тимот на Динамо Апелдрон кој е шампион на Холандија во последните две сезони.
Доколку Струмица Никоб излезе како победник, ќе игра против Бенфика од Португалија, во случај на пораз ќе се пресели во Купот на ЦЕВ каде ќе игра против екипата на Мурса Осјек од Хрватска.
Првиот меч против Динамо Апелдрон се игра во „Сала Парк“ во Струмица на некој датум од 20 до 22 септември, реваншот е седум дена подоцна во Холандија.
