Ираклион, Грција

Ново финале за Ѓорческа во Грција

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со 2-0 ја победи романската тенисерка Миријам Бјанка Булгару и се пласираше во финалето на турнирот во Ираклион, Грција. 

За шест дена ова беше втор меч меѓу Ѓорческа и Булгару, претходно двете се сретнаа во финалето на турнирот кој се одржуваше на истото место, Македонката го доби и тој дуел.
 
Денеска Ѓорческа првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше и тај-брејк во кој нашата тенисерка беше подобра со 7-6 (7-5).
 
Ѓорческа во утрешното финале ќе игра против руската тенисерка Макарова која е петти носител на турнирот.
 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе